Mediumi



Медиуми

Прикажи ги сите
Што е keepaneye.mk?

Keepaneye.mk е првиот македонски он лајн маркетинг систем кој покренува и контролира пазар на дигитално рекламирање. Keepaneye.mk е систем кој ги спојува издавачите на он лајн места за реклами и објавувачите на реклами – компаниите.

Како да се регистрирам на Keepaneye.mk?

Ве молиме контактирајте не доколку сакате да Ве регистрираме во нашиот систем.

Како да ги сменам корисничкото име и лозинка?

За да ги смените корисничкото име и лозинка најпрво мора да се логирате во системот, а потоа преку корисничкиот интерфејс во менито податоци можете да ги измените податоците внесени за време на регистрацијата.

Зошто не можам да се логирам?

Доколку ги имате згрешено корисничкото име и лозинка повеќе пати едно по друго. тогаш системот ќе ве блокира извесно време (отприлика30 мин.) Потоа ќе можете да се логитате со точни детали или да побарате нова лозинка преку полето заборавив лозинка.

Кои видови на реклами ги подржува keepaneye.mk?

Системот keepaneye.mk подржува 4 типови на реклами и тоа:

  • Реклами со слика и флеш анимации
  • Мултилинк реклами
  • Текстуални реклами
  • Видео реклами

Колку можам да заработам од рекламите поставени од системот Keepaneye.mk?

Заработка од рекламите се остварува согласно договорите кои keep an eye ги склучува посебно со секој интернет медиум.

Дали се наплаќа за влез во Keepaneye.mk?

Регистрацијата за keepaneye.mk е бесплатна и нема никакви екстра трошоци за влез во системот

Како да го внесам кодот превземен од keepaneye.mk?

Превземениот код од keepaneye.mk можете да го ставите во хтмл кодот на вашата страна како во примерот:
<html>
<body>
Тука внесете го кодот од keepaneye.mk
</body>
</html>

Како можам да се осигурам дека keepaneye.mk ќе поставува реклами чија што содржина е прифатлива за мојот сајт?

Сите издавачи ја имаат опцијата да ја прикажат или не рекламата. Значи кога некоја реклама ќе биде активна, доколку не е прифатлива за Вашиот сајт можете да изберете огласот да не се прикажува на Вашиот сајт.
Исто така пред почетокот на секоја кампања системот ги известува сите издавачи кои се вклучени во кампањата за почетокот и видот на рекламата.

Кога се извршува исплата на остварените средства?

Средствата кои ги има остварено вашиот сајт се исплаќаат на еднаш месечно. Минимален износ за исплата е 1000 денари.

Колку долго ќе се прикажува реклама на мојот сајт?

Рекламите се прикажуваат се додека трае буџетот за рекламната кампања. Кога ќе заврши буџетот тогаш на местото на рекламата ќе се појави зоната од keepaneye.mk



Огласувачи

Прикажи ги сите
Како да се регистрирам на кeepaneye.mk?

Ве молиме контактирајте не доколку сакате да Ве регистрираме во нашиот систем.

Како да ги сменам корисничкото име и лозинка?

За да ги смените корисничкото име и лозинка најпрво мора да се логирате во системот, а потоа преку корисничкиот панел во менито податоци да ги измените податоците внесени за време на регистрацијата.

Зошто не можам да се логирам?

Доколку ги имате згрешено корисничкото име  или лозинка повеќе пати едно по друго, тогаш системот ќе ве блокира извесно време (отприлика30 мин.) Потоа ќе можете да се логирате со точни детали или да побарате нова лозинка преку полето заборавив лозинка.

Зошто да се рекламирам преку Keepaneye.mk?

Keepaneye.mk е единствениот медиум во Македонија кој ви дава детални статистики за успешноста на вашите реклами. Со нас имате пристап до над 500 000 интернет корисници од сите старосни групи во Република Македонија. Нашите ниски цени а големата ефикасност од рекламите се уште еден плус зошто keepaneye.mk  е вистинското маркетинг решение за Вашата компанија.

Кои видови на реклами ги подржува keepaneye.mk?

Системот keepaneye.mk подржува 4 типови на реклами и тоа:

  • Реклами со слика и флеш анимации
  • Мултилинк реклами
  • Текстуални реклами
  • Видео реклами

Дали се наплаќа за влез во Keepaneye.mk?

Регистрацијата за keepaneye.mk е бесплатна и нема никакви екстра трошоци за влез во системот.

Што е keepaneye.mk?

Keepaneye.mk е првата македонска онлајн маркетинг платформа која овозможува и поддржува пазар за дигитално рекламирање. Keepaneye.mk е систем кој ги спојува издавачите на онлајн изданија и оние коишто огласуваат реклами.

На кои сајтови ќе се појави мојата реклама?

Вашата реклама може да се прикажува на сите сајтови и страници кои се дел од платформата на keepaneye.mk, или само кај оние кои Вие ќе ги изберете според содржината која најмногу Ви одговара за да допрете полесно до профилот на клиенти кои се Ваша целна група.

Дали покрај услугата за он лајн реклами keepaneye.mk нуди и други услуги?

Иако наш главен продукт е keepaneye.mk нашиот креативен тим може да Ви помогне во изработката на  дизајн и сите видови на реклами, веб страници. Исто така можеме да Ви помогнеме и во изработка на маркетинг планови и дизајн за корпоративен имиџ (лого, слоган, и сл.)

Како ќе знам колку луѓе ја виделе мојата реклама?

Системот keepaneye.mk нуди детален дневен преглед за посетеноста на вашите реклами. Деталниот увид нуди статистика по час ден месец и година а вклучува број на импресии (колку пати е виден вашиот оглас) како и број на луѓе што кликнале на вашиот рекламен банер.

Колку долго треба да чекам за да почне да се прикажува мојата реклама?

Откако рекламата е подготвена и одобрена од вашата компанија, прикажувањето на истата ќе започне во рок од 24 часа од поставувањето во системот.