Новости
Како да направите добра почетна страна
За успешноста на Вашата е-рекламна кампања влијаат многу фактори, доброто таргетирање, дизајнот, избирањето на правилните медиуми и канали и сл. Меѓутоа голем број на компании кои се огласуваат на интернет забораваат дека една од најбитните елементи на секоја интернет кампања е веб страната поврзана со интернет рекламата. Страната која што интернет корисниците ја посетуваат после кликот на вашата реклама доколку е добро дизајнирана може скоро секој посетител да го претвори во потенцијален купувач.
Иако постојат бројни текстови за тоа како се прави совршена почетна веб страна ние ги сумиравме најбитните 4 елементи кои ќе ви олеснат при дизајнирањето на веб страните поврзани со Вашите интернет маркетинг кампањи.
- Понудете ги вредностите на Вашиот продукт
- Користете соодветно лого и дизајн
- Користете јасни и директни повици за акција
- Елементи на доверба
Што нудите? Која е предноста на Вашиот продукт? Вредностите на Вашиот продукт треба да бидат првото нешто што ќе го видат посетителите на Вашиот сајт.
Генерално посетителите ќе го оценат Вашиот сајт по изгледот и по тоа што нуди Вашиот продукт за нив. Затоа кристално јасно објаснете им зошто вашиот продукт е вистинскиот за нив и кои предности ќе ги имаат потрошувачите со купувањето на Вашиот продукт. За крај додадете детали околу тоа како Вашиот продукт се разликува од останатите на пазарот.
Интернет посетителите скоро сите веб страни отпрвин ги оценуваат врз дизајнот и изгледот. Мора да сте сигурни дека Вашата веб страна ги следи последните трендови во веб дизајн а при тоа да изгледа професионално и квалитетно. За да се уверите дека дизајнот на вашата веб страна е добар, проверете ги веб страните на Вашите конкуренти и видете кои се предностите на Вашиот дизајн.
Која акција сакате да ја преземат посетителите на Вашиот сајт? Бидете јасни со ставање големи копчиња кои повикуваат на акција и со подвлекување и болдирање на линковите. Секогаш во близина на копчињата кои повикуваат на акција наведете кои се предностите кои посетителите ги имаат со кликнувањето на повикот за акција.
Ова се фактори кои ќе ја зголемат довербата на посетителите и ќе ги натера да останат подолго време на Вашиот веб сајт и да станат Ваши потрошувачи. Имањето на контакт информации, гаранции за квалитет, гаранции за безбедноста и приватноста мора да бидат наведени. Брзото отворање на Вашата страна, како и читко напишана и разбирлива содржина без граматички грешки исто така е важна при креирањето на доверба кај посетителите на вашата веб страна.
Со користењето на советите наведени погоре посетителите на Вашиот сајт ќе имаат најдобар впечаток за Вашиот сајт и Вашата компанија. Користете ги овие совети како водич при креирањето на веб страните поврзани со Вашата е-реклама, и ќе видете како веднаш ќе се зголеми успешноста на Вашата е-кампања.
