Придобивки
Интернетот благодарејќи на својата интерактивност е се побаран простор и средство за рекламирање. Интернет рекламирањето гледано во глобални рамки е во постојан раст, а главна причина за ова се поголемата контрола, практичност, ефективност и економичност коишто клиентите -огласувачи ги добиваат.
Придобивки од рекламирање преку keepaneye.mk:
- Мал трошок а голема ефикасност
Плаќате како да се рекламирате на локален медиум а Вашата реклама ја гледаат корисници од целиот свет. Трошокот за изработка на интернет рекламата е многу понизок, во споредба со рекламите кои се користат во другите медиуми. Голема придобивка е и можноста за таргетирано огласување по категории на сајтовите или клучните зборови.
- Мерливост на успешноста на рекламите
Преку нашиот систем Вие ќе знаете колку пати била видена Вашата реклама и колку луѓе кликнале и ја посетиле истата. Посетите на Вашите реклами системот ги прикажува преку практични статистички табели и графикони кои ги прикажуваат посетите по час/ден/месец или година.
- Без додатни трошоци
Ние не наплатуваме никакви дополнителни трошоци за маркетинг. Услугите кои ги нуди нашиот систем се исти за сите клиенти. Во keepaneye.mk нема екстра трошоци за поставување, нема трошоци за продолжување или прекинување на огласувањата или кампањите.
- Плаќајте локално а рекламирајте се глобално
Интернет рекламирањето Ви нуди директен контакт со Вашите клиенти. Преку Вашите интернет реклами интернет посетителите од целиот свет можат да пристапат до веб сајтот на Вашата компанија, продуктот или услугата, со што директно се остварува врска помеѓу Вас и потрошувачот. Придобивките се мерливи веднаш.